Mercedes-AMG GT – втора генерација (видео, 60*фотографии)

Поголем, попрактичен и побрз

Среде врелото лето Mercedes ни испрати уште поврели вести

Дојде време за замена на спортскиот AMG GT на Mercedes кој осум години со своите многу редовни и специјални изведби го одржуваше духот на сребрените стрели на ниво кое го заслужуваат. Неговата втора генерација сепак настапува малку поинаку. Ќе нема отворена верзија туку само купе, и тоа кој сака со 2+2 седишта. Тоа го овозможи новата платформа заедничка со SL. Но затоа ќе има плаг-ин хибридна варијанта, не сега, малку подоцна. Сега AMGT GT ќе биде достапен во две изведби разграничени со бројките 55 и 63. И во двете ќе чука познатото 4,0 литарско V8 твинтурбо срце испумпувајќи во првата 476 а во посилната 585 коњски сили. Нив со задоволство ги презема деветстепениот менувач кој ги испраќа на сите тркала, вртејќи ги до сто на час за 3,9 односно 3,2 секунди, а после тоа и до максималните 295 односно 315 km/h.

Во своето соопштение за јавност долго 11 страници Mercedes многу кажува за него, иако ништо не треба да каже – доволно е само споменување на комбинацијата букви што ги има во ознаката. Кој не сака да се задоволи само со тоа, на располагање има видео и 60 фотографии.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER