Mercedes-AMG – Два електрични модели од Афалтербах

Во текот на 2026-та на пазарот треба да се појават два електрични модели на AMG. Веќе се започнати тестирањата на купе и спортско-корисно возило со четири врати за кои се најавуваат силни перформанси. Двете ќе бидат изградени на електричната архитектура AMG.EA која ќе користи четири мотори, по еден на секое тркало, и се очекува да произведуваат вкупно 1.014 КС. Тестирањата на прототиповите започнаа минатиот месец на јавни патишта, а сега екипата се сели во северна Шведска за тестирања во зимски услови во близина на Арктичкиот круг.

На температури далеку под нулата ќе се испитува  интеракцијата на сите компоненти особено функционирањето на  моторите и новиот концепт на батериите. Спортско-корисното возило би требало да ги има пропорциите на Vision AMG concept, претставен пред две години, значи должина околу 5,1 метар и меѓуоскино растојание од три метри. Истата основа ќе ја користи механички сродниот купе со четири врати.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER