Mercedes го претстави CLA 45 4Matic+ кој спојувајќи ги врвните електрични технологии и автентичните AMG емоции поставува нови стандарди
Главната иновација кај новиот модел на AMG се трите електромотори директно презедени од GT 4-door Coupe кои се одликуваат со исклучително компактни димензии и голема моќност – вкупно 680 коњски сили ги задвижуваат сите четири тркала. Батериите со капацитет од 94 kWh осигуруваат автономија од повеќе од 670 километри за благодарејќи на архитектурата на 800 волти за полнење од 10 до 80 отсто се потребни само 22 минути. Поинаку кажано, за десет минути се освежуваат со струја доволна за 270 километри возење.
Новиот CLA 45 е достапен во лимузинска и Shooting Brake изведба. Препознатливата AMG маска, проширените крила и задниот дифузер со шест перки го нагласуваат неговиот спортски карактер. Во внатрешноста доминираат спортските седишта со вибрациски елементи кои го засилуваат доживувањето при возење, AMG управувачот и четвртата генерација на MBUX системот со интегрирана вештачка интелигенција.
Возачот може да бира меѓу седум режими на возење, од економичен до бескомпромисен тркачки. Посебна атракција е AMG Force S+ режимот кој доловува возење на бензински модел со автентичен звук, повратни информации и симулација на менување на степените на пренос. Активниот заден спојлер автоматски се прилагодува на условите на возење заради оптимална аеродинамика.
Првите примероци се очекуваат во продажните салони наесен.




