Mercedes-AMG A 35 Sedan :: Агресивна лимузина по младешки терк

Агресивна лимузина по младешки терк

AMG офанзивата навлезе на територијата на А-класа во седан изведба

Објавено на 27 март 2019 година

Малата лимузина делува како чуден избор за ваква преработка, но со неа Mercedes ќе цели на помладата публика. Срцето ѝ е позајмено од хечбекот и ги има истите 306 коњски сили извлечени од двата литра работна зафатнина. Со сите погонски тркала е поврзано преку 7-степен менувач со две спојки и ќе ги забрза до 100 километри на час за 4,8 секунди. На возачот ќе му бидат достапни пет различни начини на работа на погонскиот склоп со кој се контролираат неколку параметри клучни за однесувањето на автомобилот. За запирање ќе грижат 350-милитемарските дискови со 4-клипни клешти, а за поголема стабилност опционалното AMG Ride Control ослонување кое нуди можност за автоматско подесување на секое тркало посебно.

Како и хечбекот и лимузинскиот А 35 AMG од стандардните изведби ќе се разликува по спортските додатоци. Меѓу другото тука се предниот сплитер, 18-инчните тркала, малиот спојлер на поклопецот на багажникот, спортскиот издувен систем и друго. На купувачите ќе им се нудат два интересни пакети за подобрување на аеродинамиката и дополнително украсување на возилото. Внатрешноста може да се пофали со спортски повеќефункционален управувач, најнова изведба на инфо-забавниот систем, дигитална инструмент табла и друго.

Засега нема потврда кога ќе се најде во продажба, ниту по која цена.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER