McLaren W1 – Сите примероци испорачани

Планираните 399 примероци на McLaren W1, еден од најимпресивните супер спортски автомобили веќе се испорачани на среќните купувачи.

Оваа ракета на тркала испорачува системски 1.275 КС и максимален вртежен момент од 1340 њутн метри, како и сооднос моќност/тежина од 911 КС по тон. Оваа моќност ја добива во комбинација, 928 КС од V8 турбо-бензински и 347 КС од електричен мотор.

McLaren W1 забрзува од нула до 100 км/ч за 2,7 секунди. По уште 3,1 секунди се постигнуваат 200 км/ч, а до 300 км/ч потребни се помалку од 13 секунди. Стрелката на брзинометарот застанува на 350 бидејќи максималната брзина е електронски ограничена.

Педалите, воланот и другите примарни контроли се подвижни за најдобро да го позиционираат возачот во кокпитот. Спортскиот автомобил, спакуван со Формула 1 технологија со осумстепен менувач и електричен рикверц, како и нов хидраулично-електронски диференцијал, чини околу 2,2 милиони евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER