Yaris во спортско одело
Првиот хибрид на Mazda доаѓа на пролет
Глобалните планови на Mazda се свртени кон електрификацијата. Во ова време да се промовира првиот самонапојувачки хибрид не е некоја новост, но го проширува портфолиото на електрифицирани модели.

Продлабочувањето на соработката со Toyota резултира со хибридизација на малата „двојка“. Искористен е три цилиндерскиот 1,5 литарски бензинец со 95 коњи. Него му е додаден електричен мотор од 59 kW за да се добие системска моќност од 116 КС. Повеќе од јасно е дека хибридот е наменет за економичност, но знае да покаже заби!

Спринтот до „стотка“ го совладува за 9,7 секунди, достига максимални 175 км/ч и за возврат бара само 3,8 литри на 100 км со просечна емисија на CO2 од 87 г/км. Ова, сепак, е важен модел за Mazda во контекс на компаниската обврска да ги исполни дефинираните цели. Според Парискиот договор, до 2030 година ќе се намали за 50% емисијата на СО2 во целокупниот производен процес за да во 2050 се достигне јаглеродна неутралност со целосна електрификација на понудата.



