Mazda – Јаглеродно неутрални постројки до 2035 година

Еден од првите чекори на брендот ќе вклучува префрлување на фабриката во Хирошима од фосилни горива на течен амонијак

Mazda планира да ги намали емисиите на CO2 за 69% до 2030 во споредба со нивоата на годинава што изминува. Крајната цел е во сите свои постројки на глобално ниво да постигне јаглеродна неутралност до 2035, а до 2050 година низ целиот синџир на снабдување. Ќе бидат воведени голем број важни иницијативи кои ќе и помогнат на Mazda да ги постигне своите цели.

Првата е да воведе шема за идните инвестициски одлуки и приоритет да добијат инвестиции кои ќе послужат како главен придонесувач за намалување на емисиите на CO2. Покрај тоа, Mazda ќе воведе обновлива енергија во своите погони, почнувајќи со префрлање од фосилни горива на течен амонијак во фабриката во Хирошима. На крајот се надева дека ќе постигне сооднос на користење на моќта од нефосилни горива од 75% до 2030 година.

Mazda од следната генерација модели ќе ги трансформира дизел моторите на биогориво. Компанијата ќе ги испита најдобрите начини за намалување на емисиите на CO2 од своите фабрики надвор од Јапонија користејќи ги иницијативите за јаглерод неутрално производство во матичната земја како референтен модел. Mazda сака да допринесе за намалување на емисиите на CO2 и спречување на глобалното затоплување во сите процеси, вклучително транспортот во производствениот процес, употребата на материјали и рециклирање.

Преку овие три столба, Mazda има за цел да постигне јаглеродна неутралност во сите свои фабрики до 2035 година и ќе се обиде да постигне јаглеродна неутралност низ целиот синџир на снабдување до 2050 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER