Mazda Skyactiv-X ★ Револуцијата започна (со видео)

Видео Новитети

Револуцијата започна!

Скоро две години откако прв пат слушнавме за него, Mazda ги објави спецификациите на новиот Skyactiv-X мотор

Објавено на 12 јуни 2019 година

Тој со комбинирање на дизел и бензински циклус на работа и степен на компресија од дури 16,3:1 има за 30-тина отсто помала потрошувачка. За почеток ќе се вградува само во Mazda3, која со него ќе се задоволува со минимални 4,3 литри гориво на 100 поминати километри. Соодветно и емисиите на јагленород диоксид му се намалени на само 96 грама на километар, но според старите норми. Според новите WLTP стандарди просечната потрошувачка му изнесува 5,4 литри, а емисиите 122 грама јагленород диоксид. Перформансите притоа воопшто не му се загрозени. Напротив, тој од двата литра работна зафатнина извлекува 180 коњски сили и 224 њутн-метри максимален вртежен момент. Стандардно со него во пакет доаѓа и благ хибриден систем кој работи на 24 волти. Mazda3 со овој агрегат ќе биде на располагање во хечбек и седан изведби, со мануелен или автоматски менувач и погон на предните или сите четири тркала. Првите испораки се предвидени за наесен, а цените официјално не се објавени.

Паралелно со електрификацијата, следен проект на кој работи Mazda е развојот на сосема нова Skyactiv 3 генерација мотори. Тие се предвидени за 2025 година и треба да емитуваат просечни 65 грама на километар јагленород диоксид.

Видео

клучни зборови: ,