Mazda Iconic SP – Наследникот на RX-8

Идното купе на Mazda ќе биде електрично, но уште нема јасен правец за погонот

Сфаќајќи дека мора да поврати дел од некогашниот имиџ што го имаше, Mazda дванаесет години по пензионирањето на RX-8 реши да лансира негов наследник.

Концептот веќе го видовме лани под ознаката Iconic SP, кој на патот до сериското производство ќе претрпи модификации за да може да го најави и изгледот на идната генерација на MX-5.

Ова атрактивно купе кое беше одлично прифатено се карактеризира со ретро-футуристички дизајн со чисти линии и заводливи облини кои фасцинираат од кој и агол да се гледа.

Истото треба да го стори и со перформансите кои ќе му ги обезбедува електричната погонска група, најверојатно засилена со ванкел мотор како генератор на струја каков имаше и концептот.

Но заради техничките предизвици што стојат пред инженерите во развојот на новата генерација вакви мотори, засега тешко е да се предвиди кога идното спортско купе на Mazda ќе стане реалност.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER