Mazda – Продолжува да го развива Ванкел моторот

Mazda ја продолжува историјата на ротирачки клипен мотор, познат како Ванкел, наречен по нeговиот пронаоѓач

Јапонците го забрзуваат понатамошниот развој на овој погонски концепт за новата ера. 36 инженери ќе работат на унапредување на ротационите мотори за придвижување на генератори во сериски хибридни погонски единици и ќе спроведуваат истражување и развој во области како што се усогласеноста со регулативата за поволни емисии на јаглерод.

Моторот со ротирачки клип има посебна структура. Енергијата се генерира со ротација на триаголен ротор. Во 1967 година, компанијата го претстави својот прв модел со овој мотор, Mazda 110S Cosmo Sport, и оттогаш, како единствен производител на автомобили што масовно произведува Ванкел мотори,  Mazda постојано работи на подобрување на перформансите, контролата на емисиите, потрошувачката на гориво и издржливоста. Mazda MX-30 e-Skyactiv R-EV е дванаесеттиот модел во историјата на Mazda со ротирачки клипен мотор кој генерира електрична енергија во електричниот автомобил.

Во текот на изминатите шест години, како дел од развојот на Ванкел моторот, инженерите работеа на крајно подобрување во ефикасноста. Тие ја проширија својата перспектива надвор од границите на моторните системи и сега имаат цел да постигнат пробив во истражувањето и развојот на мотори со ротирачки клип во ерата на електрификација и во општество кое е неутрално за CO2.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER