Матиас Хосан – нов директор за дизајн на Peugeot

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Изборот падна на домашен кадар

Младост, искуство и визија се главните атрибути на Матиас Хосан

објавено на 28.07.2020

По ненадејното отстапување на Жил Видал од позицијата директор за дизајн на брендот  Peugeot наследникот е избран од расположивиот кадар. Матиас Хосан е врвен дизајнер со јасна визија во кој смер треба да се развиваат производите на Peugeot. Тој работел на повеќе апликативни модели и студии во рамките на групацијата РЅА каде работи од 2002 година. Матиас Хосан има 40 години, но богато искуство. Пет години работеше во дизајнерското студио на групацијата во Шангај. Од 2013 година е одговорен за перспективите во дизајнот на Peugeot со акцент на концепт автомобилите вклучувајќи го последниот e-Legend, а воедно го предводеше прелиминарниот дизајн на сите возила со лав на хаубата вклучително најновите 208 и 2008.  Именувањето на Матиас Хосан ќе овозможи имплементација на стратешката визија на стилот во производните модели која успеа да ја наметне со своето работење и да ја поддржи динамиката на марката во годините што доаѓаат. За Матиас Хосан, кој стапува на позицијата денеска на местото на Жил Видал, директорот за стил на групацијата РЅА изјави дека е воодушевен да ја довери мисијата на еден од нај талентираните дизајнери на неговата генерација кој веќе ја има осветлено иднината на брендот Peugeot и отсега ќе го стави својот талент во служба на купувачите на францускиот лав!

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER