Maserati најави неколку нови електрични возила, вклучително и GranCabrio Folgore што ќе бидат прикажани подоцна годинава
Maserati ја потврдува својата електрилна иднина со три нови модели. Веќе идната година ќе биде лансиран MC20 EV. Според најновиот план на Maserati, сите модели ќе бидат 100% дизајнирани, развиени и произведени во Италија. Од компанијатапотврдија дека веруваат во електричната мобилност „повеќе од кога било“ и имаат планови да лансираат асортиман на електрични возила за да ги надополнат Grecale Folgore и GranTurismo Folgore.
Како дел од овој напор, GranCabrio Folgore ќе биде додаден на листата новитети подоцна оваа година. MC20 Folgore ќе следи во 2025 година, додека електричен кросовер од Е сегментот ќе пристигне во 2027. Потоа може да се очекува Quattroporte EV во 2028 година. Во фабриката на Maserati во Модена треба да се направат нови инвестиции и капацитети. Како единствен луксузен бренд на Stellantis, Maserati поставува силен деловен модел фокусиран на електрична иднина.
Извршниот директор на Maserati, Давиде Грасо, изјави дека веќе марката има два иконски модели веќе достапни во нивните 100% електрични верзи и најавува дека ќе биде понуден најмоќниот Maserati досега, за да ги помести границите на возење и уживање во новата ера.