Maserati се подготвува за електрификацијата (со видео)

Maserati се подготвува за електрификацијата

Првиот чекор е направен – Maserati го „претстави“ звукот на електричниот модел

Објавено на 30 јануари 2020 година

Под називот „музиката се менува“, Maserati се пофали дека започнал со тестирање на електричниот погонски склоп. Развиен самостојно, со него ќе бидат опремувани идните модели на марката. Техничките спецификации засега не се дефинирани и тие ќе зависат од собраните податоци од тестирањата. Место нив се наведува дека инженерите на Maserati работат на звукот на овие возила, кој треба да биде 100 отсто уникатен и препознатлив. Први модели во кои ќе се најде се новите GranTurismo и GranCabrio, планирани за идната година. Нивниот изглед не е познат, но тој по сé изгледа ќе биде инспириран од концептот Alfieri. Жално е што мораше толку да се чека тој да се преточи во сериски модел, и покрај силните реакции на публиката во Женева каде во 2014-тата беше претставен по повод 100-годишнината на марката. Првобитните планови беа неговото производство да започне во 2016-тата, но бргу беа променети. Новиот термин беше годинава, но и тој беше одложен заради планираниот старт на електрификацијата на гамата. Како причина се наведува потребната конверзија на погоните во Торино, каде ќе се произведуваат идните електрични возила на Maserati.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER