Kia Cee’d :: Мали зафати за големи нешта

Мали зафати за големи нешта

Kia Cee’d изгледа толку модерно што никој не ни помислуваше дека и треба освежување
Објавено на 27 јуни 2015 година

Претставена 2012 година, втората генерација на Kia Cee’d настапи како пософистицирана, поефикасна, порафинирана, поопремена и повозбудлива за возење од првата генерација. При имплементирањето на овие особености нејзините конструктори толку се внесоа што и ден-денес таа во секој поглед изгледа толку модерно што никој не ни помислуваше дека и треба освежување. Сепак, редовниот мејк-ап, како козметички така и технички не смее да се прескокне и од Жилина веќе пристигнува еден нов, уште посеопфатен модел.

Како и што претпоставувате, зафатите ги има многу, но се мали, скоро незабележителни. Посебно дизајнерските – браниците се поаглести и пошироки и имаат лајсни од хром околу светлата за магла и новата маска. И задниот дел има реобликувани браници, кои заедно со LED светлата и новите тркала го заокружуваат списокот измени од визуелна гледна точка. Длабочината и обемот на зафатите во фејслифтираната внатрешност е на истото, прилично суптилно ниво. На повеќе места се среќаваат инсерти од хром и црн финиш, тапацирот е освежен, а додадени се и нови колорни шеми. Затоа пак подобрувањата на механиката се повеќе суштински. Иако набројувањето ќе го започнеме со намаленото ниво бучава и вибрации заради употребениот звучно апсорбирачки материјал во просторот за мотор, најголемиот зафат на новиот Cee’d сепак е воведувањето на еднолитарскиот трицилиндричен турбо мотор во гамата. На располагање е во две изведби – со 100 и 120 KS, и двете со максимални 172 Nm вртежен момент кој е на располагање меѓу 1.500 и 4.000 вртежи во минута. Унапреден е и 1,6 литарскиот дизел кој сега произведува 110 и 136 KS. Во понудата остануваат и 1,4 и 1,6 литарските бензинци со 100 и 135 KS, а за некои пазари и 1,4 и 1,6 литарските дизели со 90 и 110 KS.

Друго значајно унапредување е новата седумстепена трансмисија со двојна спојка, засега ексклузивно на располагање само со најсилниот дизел. Со него овој модел ја има намалено емисијата на CO₂ на 109 грама на километар. Помала емисија но и подобро забрзување е обезбедено со новиот турбо систем за 1,6 литарскиот мотор со 204 KS на спортските GT изведби на Cee’d и Pro_Cee’d верзија со три врати. Инженерите на Kia го имаат модифицирано и ослонувањето за обезбедување поголем комфор и подобри возни својства, а е додаден и нов векторинг систем за распределба на вртежниот момент.

Kia Cee’d

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER