Мал SUV со големи цели
Сериската верзија на Škoda Vision X ќе ја видиме идната пролет
Објавено на 3 април 2018 година
После одличните реакции на публиката на салонот во Женева каде беше покажан концептот Vision X, од Škoda потврдија дека идната година на истото место ќе ја претстават и неговата сериска изведба. Субкомпактниот кросовер кој во понудата на Škoda ќе се смести под Karoq е близок роднина на Seat Arona и идниот Volkswagen T-Cross иако со својата должина од 4,25 метри е малку поголем. Има и поголемо меѓуоскино растојание заради што треба да биде попростран од нив, што впрочем е и долгогодишна стратегија на Škoda во однос на внатрешната конкуренција од VW групата. Според досега достапните информации покрај бензинските и дизел верзии на купувачите би можело да им биде достапен и со хибридниот погонски склоп од претставената студија. Тој е составен од 1,5 литарски бензински мотор кој може да работи и на природен гас наменет за задвижување на предните тракала и назад сместен електромотор. Така возачот ќе може да бира меѓу погон на предните, задните или сите четири тркала. Од Škoda потврдија дека електричната задна оска ја имаат развиено уште пред две години.
Чесите планираат во наредните две години да лансира дури деветнаесет нови или обновени модели.



