Див во срце, отмен на изглед
Многу модификации за рекордерски перформанси
Под покривот на Порше Македонија пристигна новиот рекордер од Нурбургринг во категоријата на спортско-корисни возила. Porsche Cayenne Turbo GT е создаден за максимални перформанси и комбинира извонредна динамика на возење со висок степен на секојдневна употребливост. Неговиот четирилитарски битурбо V8 од 640 коњи е основа за извонредни возни карактеристики. Располага со 90 КС повеќе од Cayenne Turbo Coupé, максималниот вртежен момент е зголемен на 850 Nm (повеќе за 80 Nm) што резултира и со подобри динамички својства. забрзувањето од 0-100 km/h е намалено на 3,3 секунди, а сказалката на брзинометарот застанува на 300. Со уште поспортски линии и достапен исклучиво како купе со четири седишта, Cayenne Turbo GT доаѓа со сите достапни системи за контрола на шасија вградени како стандардни и пневматици со високи перформанси развиени специјално за овој модел. Во споредба со Cayenne Turbo Coupé, Turbo GT е 17 милиметри понизок.
Врз основа на ова, и пасивните компоненти на шасијата и системите за активна контрола на аеродинамиката се реконструирани и оптимизирани за врвни перформанси. Битурбо моторот на Cayenne Turbo GT моментално е најмоќниот осумцилиндричен агрегат на Porsche. Достапен со новата Arctic сива боја, Cayenne Turbo GT го нагласува својот исклучителен атлетизам преку извонредните карактеристики на неговиот прогресивен дизајн на кого се забележливи мајсторски вкомпопнираните карбонски додатоци. Спортскиот карактер на Cayenne Turbo GT е нагласен со висококвалитетната стандардна опрема и мноштвото на детали во Alcantara во неговата внатрешност. Со Turbo GT, лансирана е новата генерација на Porsche Communication Management системот со подобрени перформанси, нов кориснички интерфејс и нова оперативна логика. Инфозабавниот систем сега вклучува и Android Auto, што значи дека сите популарни паметни телефони сега можат да се интегрираат.