Македонска премиера – Citroen e-C4 и C5 Aircross Hybrid

Домашната сцена побогата

Електричниот е-С4 и приклучниот хибрид С5 Aircross во Македонија

објавено 08. октомври 2021

Домашната сцена на електрични возила е мала и неразвиена. За таквиот статус има повеќе фактори кои едноставно не им одат од рака на електричните возила. За почит е храброста на одредени увозници што на располагање ја имаат целата гама, а на нив им се придружи Автонова со два модели. Првиот е потполно електричниот компакт С4.

Опремен со батерија од 50 киловат часови и електромотор од 136 коњи може да помине  до 350 километри. Преставениот е-С4 е опремен во почетното ниво на опременост и чини 37.900 евра. За оние кои на прво место ја ставаат удобноста вистински адут е С5 Aircross опремен со приклучен хибрид. Тој ја комбинира работата на бензинскиот (180 КС) и електро моторот (110 КС) за да испорача заеднички 225 коњи. Поради тоа батеријата од 13,2 киловат часови сосема е доволна да ја погони каросеријата со нулта емисија на издувни гасови до 50 километри. Хибридниот кросовер се продава по цена од 41.990 евра. Повеќе информации за двете возила на www.citroen.com.mk

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER