На претстојниот IAA во Минхен ќе се промовира нов модуларен систем на електрични мотори, кого производителот го нарекува „совршен мотор“
Mahle, добавувачот на компоненти во автомобилската индустрија најде решение за термичките проблеми на електричните мотори при максимално оптоварување. Благодарение на интегрираното ладење со масло, новиот електричен мотор SCT може да се ракува со до 90 проценти од максималната моќност на долг рок. Како резултат на тоа, електро моторот е многу покомпактен од адекватните со споредлива максимална моќност. За да го постигне ова беа комбинирани својствата на електричните мотори на Mahle MCT (Magnet-free Contactless Transmitter) и SCT (Superior Continuous Torque). Моторот MCT-E постигнува висок степен на ефикасност во широк опсег на брзини, додека моторот SCT-E е дизајниран на таков начин што постигнува максимална ефикасност на оптимизираните главни работни точки.
Со новиот модуларен систем, сега може да се имплементира решение за електричен мотор што е без абење, ефикасно во широк опсег на брзина и способно за високи континуирани напрегања. Затоа оваа комбинација не бара специфично одржување и погодна е аплицирање кај многу ЕВ. Максималната и континуираната моќност обично многу се разликуваат кај електричните мотори. Причината за ова е топлината која го оштетува склопот. За да се спротивстави на овој проблем, Мале смислил посебен метод за ладење за новиот електричен мотор SCT. Овде, колото за масло е интегрирано во роторот, што ја дистрибуира отпадната топлина од машината. За ова не е неопходна пумпа за масло бидејќи центрифугалните сили на роторот го одржуваат маслото во движење. Ова не само што значително го подобрува ладењето на погонската единица, туку и отпадната топлина може да се користи за загревање на возилото, а со тоа да се зголеми ефикасноста на возилото.