Електричен SUV каков што не очекувавме

Познат како најголем производител на трактори во светот, индиската Mahindra силовито навлегува во модерните SUV води

Возилата на Mahindra можат да се сретнат и на нашите улици, но впечатокот што ќе го добиеме гледајќи ги е сосема погрешен – индиската компанија има далеку поголеми амбиции. Пред точно една година претставија перспективна палета електрични возила составена од разни кросовери, а сега, со новиот концепт, најавуваат дека не се шегуваат. Станува збор за бруталниот и харизматичен Thar.e кој очигледно има иднина.

Тој сигурно ќе го привлече вниманието, почнувајќи со својот невообичаен дизајн кој само малку наликува на Jeep Wrangler. Поставен е на модуларната платформа која Индијците ја развија за електричните кросовери, која се карактеризира со цврсто подвозје наменето да се справи со лошите тамошни патишта, чиј клиренс може да биде и 300 mm. Има два електромотора со вкупно 338 KS, а е предвидена и верзија со погон само на задните тркала. Кога ќе се појави не е дефинирано, но секако ќе има предност пред другите од заедничкиот проект во кој, по сé изгледа, ќе биде вклучен и кинескиот BYD како производител на електричните компоненти и батериите.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER