Првиот целосно електричен модел на Lynk & Co под ознака 02, по европската промоција, идниот месец пристигнува кај нас
Lynk & Co е во сопственост на Geely, но технологијата ја дели со Volvo и Polestar. Неодмна се одржа регионалното тест возење во Словенија, настан после кој следи настапот на пазарите. Официјален застапник на Lynk&Co за Северна Македонија e Делфино Мобилити Груп
од каде ја најавуваат македонската премиера за идниот месец кога ќе можеме лице во лице да се соочиме со впечатливиот дизајн, напредна технологија и автономија од 445 км. Прв електричен модел на брендот за европскиот пазар, 02 претставува клучна пресвртница во еволуцијата на Lynk & Co.
Овој модел го отелотворува нивниот уникатен пристап – спој на технологија, одржливост и кориснички ориентиран дизајн за создавање нешто навистина посебно. Развиен во Гетеборг, Шведска, неговиот дизајн и карактеристики се обликувани врз основа на над 6 000 повратни информации од корисници со што се аплицирани врвна технологија, кориснички ориентиран дизајн и одржливи материјали.
Безбедноста е еден од основните столбови на Lynk & Co 02. Тој е опремен со 21 напредна функција за помош при возење, вклучувајќи Front Cross Traffic Alert, Evasive Maneuver Assist и Intelligent Cruise Control. Цените ќе бидат познати по неговото претставување.


