Со голема самодоверба новата кинеска марка најавува дека ќе биде супериорна во однос на Testa Model S
Luxeed, производителот на автомобили формиран од Chery Automobile и Huawei, треба да го претстави својот Ѕ7 во ноември и има голема доверба во својот прв сериски модел, наречен S7. Тој ја користи платформата Chery E0X, ќе биде опремен со два електро мотори и се најавува како ривал Tesla Model S.
Шефот на автомобилската единица на Huawei, Ричард Ју Ченгдонг, сè уште не потврди колку ќе чини S7, ниту прецизно какви карактеристики ќе има, но не го крие ентузијазмот дека лидерот ќе го симнат од тронот. Во своето обраќање кога го најави дебито за идниот месец рече дека Ѕ7 ќе биде супериорен во однос на Model S на Tesla во различни аспекти.
Продажбата на ЕВ од кинеско производство продолжува да расте, конкуренцијата исто така расте со голем број нови производители кои влегуваат на пазарот. Luxeed иницира големи надежи бидејќи се полагаат на бракот помеѓу технолошката моќ на Huawei и производствената тежина на Chery. Luxeed, исто така, претставува важен дел од тековното проширување на Huawei во автомобилската сфера.
Компанијата веќе продава возила преку брендот Aito формиран со Seres и исто така ги снабдува производителите на автомобили, вклучувајќи ги Arcfox и Avatar Technology со LiDAR сензори, чипови и останати електронски компоненти. Luxeed S7 треба да дебитира со новиот софтвер на Huawei HarmonyOS 4 и ќе доаѓа стандардно со плејада на функции за поврзување.
Со оглед на тоа што ќе ја користи архитектурата E0X на Chery, се очекува да има пакет батерии добиен од CATL што му обезбедува опсег до 700 км. Најверојатно во Ѕ7 ќе биде вклучен најновиот Huawei ADS 2.0 интелигентен систем за возење со LiDAR поставен на покрив, 12 ултразвучни сензори, 11 камери со висока дефиниција и радари со бранови од 3 милиметри. Останува да почекаме до идниот месец дали од гората што се тресе ќе излезе монструм или глушец.