Lucid Gravity – Моќта на гравитацијата

 Една година по претставувањето на сериската верзија Lucid Motors започна со производство на кросоверот Gravity

Вториот модел има големо значење за американскиот производител на електрични возила бидејќи треба да донесе поголема финансиска стабилност и поамбициозна иднина на компанијата која е во доминантна сопственост на саудискиот државен инвестициски фонд.

Според димензиите одговара на Tesla Model X а цената му стартува од некои 80 илјади долари. Покрај луксузот и перформансите акцентот е ставен и на сестраноста и има место за седум патници. Во минималистичката внатрешност фокусирана на екраните се среќаваат детали како што се предните седишта со вентилација и масажа кои се подесуваат во 18 насоки и четиризонски клима уред, а од голема помош на возачот ќе му биде напредниот систем DreamDrive развиен со сопствени сили.

Проектираната автономија оди преку 700 километри, а двата  електромотора со своите 828 коњски сили ќе го забрзаат до 96 километри на час за три ипол секунди. Ослонувањето е воздушно и прилагодливо, тркалата се од 20 до 23 инчи а може да влече приколка тешка повеќе од 2,7 тони. Приоритет при купувањето на овој кросовер кој ќе се произведува во Аризона ќе имаат сопствениците на првиот модел на Lucid, лимузината Air.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER