Годинава последна за три модели
Електрификацијата ќе ја предводи гамата на Lotus
објавено 25. јануари 2021
Оваа година ќе биде последна за опсезите Lotus Elise, Exige и Evora. По вкупно изградени околу 55.000 примероци, англискиот производител на спортски автомобили се репозиционира со електричниот хиперавтомобил од 2000 кс Evija и хибридниот погон Type 131. Покрај тоа, Англичаните сакаат во иднина да соработуваат технички со подружницата на Renault, Alpine. Идните планови одат заедно со изградбата на нова фабрика, во која Lotus инвестира повеќе од 110 милиони евра. Бројот на вработени, вклучително и инженерскиот оддел, се очекува да се зголеми за нови 250. По влегувањето на Geely и Etika Automotive од Малезија, во изминатите три и пол години веќе се ангажирани 670 вработени.


