Лимузината на Путин (со видео)

Лимузината на Путин

На својата четврта инаугурација старо-новиот претседател на Русија Владимир Путин се провози со својата нова лимузина, позната како Кортеж. Направена е во Русија од компанијата NAMI и има ознака Aurus 41231SB. Името е кованица од зборовите злато и Русија (Aurum + Russia), а од есенва кога ќе се најде во продажба ќе биде пласирана под името Senat. Податоците за неа се крајно измешани. Според производителот таа е долга 6,6 метри, широка 2 и висока 1,7 метри. Има 4,4 литарски битурбо V8 мотор со 598 коњски сили, но за комерцијалната верзија е планиран 6,6 литарски V12 мотор со четири турбо компресори и 850 коњи развиен со помош на Porsche Engineering. Погонот е на сите тркала преку деветстепен автоматски менувач, а тежи 6,5 тони (не, не е грешка – тоа е заради блиндирањето). Во една прилика е спомената и нејзината цена која треба да се движи околу 7 до 8 милиони рубљи, што е некаде околу 100 илјади евра, секако за обичната изведба без дополнителна заштита. Но во друга прилика е споменато дека таа всушност ќе има за 60-тина сантиметри помала должина и 2,2 литарски четирицилиндричен мотор со 245 коњи.

видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER