Lightyear – Стартуваше со производство

Соларно напојување на батериите – утопија или реалност?

Холандскиот старт-ап Lightyear гордо објави дека во фабриката Valmet во Финска започна производство на првиот автомобил во светот со соларен погон. Покрај револуционерните дури и утописки технологии овој модел го привлече вниманието и со неговата аеродинамика од само 0,175 што е најниска вредност меѓу сериски произведуваните автомобили.

Според Холанѓаните возилото обложено со 5 квадратни метри соларни панели од сончевата светлина може да собере струја за поминување 70 километри дневно ако е убав денот, односно половина од тоа при облачно време. Опремено е со батерии од 60 киловат-часа кои кога се полни обезбедуваат автономија од 625 километри, не сметајќи го соларниот бонус. Погонскиот систем се состои од четири електромотори со скромни 177 коњски сили, кои ќе го забрзаат до 100 километри на час за 10 секунди.

Развојот му траеше цели шест години а планирано е на почетокот да се произведува по само еден примерок седмично кои ќе се склопуваат рачно, без монтажна лента. Заради сето споменато не треба да чуди што цената му е поставена на високи 250 илјади евра.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER