Lexus ја користи групната платформа за електрични модели, на која се базира и Toyota Bz4X и ќе се појави кај дилерите на почетокот на следната година. RZ е увертира за целосното електрично престројување на Lexus во Западна и Централна Европа, а пет години подоцна ширум планетата. За цената нема податоци, но секако ќе биде повисока од онаа на Toyota.