Lexus RZ 450e – Подготвен за вгодина

За добрите работи е потребно време!

Lexus ја користи групната платформа за електрични модели, на која се базира и Toyota Bz4X и ќе се појави кај дилерите на почетокот на следната година. RZ е увертира за целосно електричното престројување на Lexus во Западна и Централна Европа, а пет години подоцна ширум планетата. Со својот изглед RZ беспрекорно се вклопува во дизајнерскиот јазик на марката. Масивниот преден дел со маската на ладилникот „Diabolo“ типична за марката е ревидиран и „електрифициран“, а страничната линија нежно се крева кон задниот дел. Таму, светлосна лента се протега низ целата ширина на возилото, а поделениот заден спојлер го проширува дизајнот кон задниот дел и исто така придонесува за ветените добри аеродинамички вредности. Внатрешноста има корист од новите слободи што ги нуди електричната мобилност. Меѓуоскиното растојание од 2,85 метри со надворешна должина од 4,8 метри, овозможува дарежлив простор одзади. За да ја намалат тежината што е можно пониска, конструкторите избраа материјали со висока цврстина. Како и кај сите ЕВ, батеријата од 71,4 kWh е поставена во долниот дел од каросеријата, што пак овозможува ниско тежиште типично за овие возила. Досегот треба да биде повеќе од 400 километри, а потрошувачката на 18,1 kWh на 100 километри. Lexus ветува, повеќе од 90 отсто од нејзиниот капацитет и по десет години. Двата мотора на предната и задната оска заедно развиваат 230 kW (313 КС), што се претвора во забрзување од место до 100 km/h за добри пет и пол секунди додека крајната брзина е ограничена на 160 км/ч. За да ги задржи акустичните влијанија во граници, Lexus разви стратегија во три фази. Во RZ се користи и новата верзија на „Active Sound Control“, со која фреквенциите за поништување на бучавата се внесуваат во внатрешноста преку звучниците и се потиснуваат акустичните нарушувања. Како и обично од премиум гранката на Toyota, внатрешноста е опремена со висококвалитетни и добро обработени материјали. Опционалниот панорамски покрив може да се затемни доколку е потребно. Сепак, на новиот волан муштериите ќе треба да се привикнат. Тој повеќе не е тркалезен, туку квадратен се опционалниот систем за управување „One Motion Grip“ кој не содржи механичка врска, заменета со електричен контролер кој ги испраќа желбите на возачот до тркалата. Ова ги намалува вибрациите и ја подобрува стабилноста. За оние што сакаат да останат конвенционални има изведба со класичен волан. Новиот „Direct4 System“ ја контролира влечната сила на четирите тркала преку сензори ги проценуваат факторите како што се брзината, аголот на управување и силите на инерцијата со цел да се пресмета соодветниот погонски вртежен момент за двете погонети оски. RZ 450e е опремен со мултимедијалниот систем познат од Lexus NX, кој сега може да се контролира и преку новиот „Hey Lexus Assistant“. Менаџерите на Lexus се уште молчат за цените.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER