Smart ForTwo Cabrio :: Летото одминува, па што?!

Летото одминува, па што?!

Летото одминува, но Daimler веќе мисли за наредното – освен најголемиот, во Франкфурт го претстави и најмалиот свој модел во кабриолет изведба
Објавено на 21 септември 2015 година

Календарски се наоѓаме на крајот од летото но на почетокот на новата автомобилска сезона, така што сега е вистинското време за претставување на новитетите за 2016-та меѓу кои ќе биде и Smart ForTwo Cabrio. Базиран на заедничката архитектура развиена со Renault, новиот кабриолет го има задржано решението со преклопување на платнениот кров зад Б-столбот од претходниот модел – Smart ForTwo Cabrioделумно лизгајќи се наназад како голем сончев покрив или целосно кога тој ќе се здипли врз задната врата. Во вториот случај освен притисокот на копчето за активирање на електромоторите што го собираат, склопениот кров и шините по кои се движи рачно мора да се сместат во багажникот. Автоматската процедура е брза и трае само 12 секунди, дури и кога Smart ForTwo Cabrio се вози со максимална брзина. Со платнениот покрив кој е на располагање во три бои ускладени со каросеријата може да се оперира и далечински, кога возачот не е во возилото.

За да ги издржи зголемените торзиони напрегања структурата на малиот кабриолет е засилена за 15% во споредба со претходниот модел. Како и неговата затворена верзија и Smart ForTwo Cabrio ќе доаѓа со истите трицилиндрични бензински мотори – еднолитарскиот атмосферски со 71 KS и 0,9 литарскиот турбо со 90 KS, и двата спарени со петстепена мануелна или автоматизирана трансмисија со двојна спојка. Најмалиот модел на Daimler во својата отворена верзија ќе стигне на улиците на почетокот на идната година.

Smart ForTwo Cabrio

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER