Легендарната Opel Manta ќе се препороди

Top News Новитети

Сега на струја

Седумдесет години поминаа, но никој не ја заборави – Opel Manta останува бесмртна

објавено 16 март 2021

Opel ја претстави Manta пред седум децении. Нејзината втора генерација беше пазарно поуспешна, но оригиналот од 1970-тата остана зацементиран во колективната меморија на фановите на марката како вистински и неповторлив спортски автомобил од тоа време. Затоа и Германците добро размислија пред да ни ги лансираат овие први најавни фотографии од новата Manta од 21-век, која треба во себе да ги обедини минатото и иднината. За минатото сега нема да зборуваме, а за иднината од Opel ќе кажат дека ќе биде електрична, заради што и нивниот концепт кој со ознаката Manta GSe ElektroMOD се повикува на тие времиња, е таков.

Комбинирајќи ги во себе ретро-носталгијата и феноменот на сеприсутната оригиналност која ја овозможуваат новите технологии, овој концепт делува спортски како оригиналот и истовремено покажува амбиции кон модерните технологии и одржливиот начин на живот. Безвременскиот пристап во дизајнот допрва ќе го дознаеме, но дури и сега, на невидено, сигурни сме дека скулптуралното и едноставното кое беше актуелно пред седум децении и денес совршено и самоуверено се вклопува во модерната дизајн-филозифија на Opel.

За жал, не можеме да ви кажеме повеќе за овој модел – тоа ќе го сториме кога и Германците ќе ни сервираат повеќе информации.

клучни зборови: ,