Land Rover Defender ✨ Легендата се враќа (со видео)

Легендата се враќа (со видео)

Објавено на 16 јуни 2019 година

Покажувајќи ни како се снимени најатрактивните сцени, Land Rover се пофали дека завршил со ригорозните тестови на новиот Defender. Тие беа спроведени во дивините на Кенија, каде еден ваков теренец треба да се чувствува како дома. Дека е така потврдија и лавовите, кои воопшто не реагираа на присуството на прототипите во нивна непосредна близина. Можеби и затоа што според изгледот новата генерација на Defender ќе личи на оригиналот. И покрај тешката камуфлажа што Land Rover ја користеше, сличностите се забележуваат на прв поглед. Коцкастата каросерија има вертикален заден дел и рамни странични стакла. Предниот дел е малку посовремено решен, додека внатрешноста треба да биде сосема модерна со дигитална инструмент табла и незаобиколниот аудио-информативен систем. За теренските способности ќе биде излишно да зборуваме, додека за погон ќе биде задолжена гама мотори позната од другите модели на компанијата. На почеток тие ќе бидат бензински и дизели од дволитарското Ingenium семејство, на кои подоцна ќе им се придружат шестцилиндрични агрегати и хибридна верзија.

Возилото ќе биде поставено на големата платформа од Land Rover Discovery и Range Rover, која содржи доста алуминиум. Во план се две верзии со различни меѓуоскини растојанија. Традиционално означени како Defender 90 и 110, првата ќе има три а втората пет врати. Од порано е познато дека новиот теренец ќе се произведува во Словачка. Оваа фабрика започна со работа во октомври минатата година, а во нема моментално се произведува само Discovery. Со воведувањето на Defender треба да го постигне својот капацитет од 100.000 возила годишно, за кој веќе има најави за 50-процентно зголемување. Кога ќе биде претставен новиот Defender сé уште не е објавено, но тоа најверојатно ќе се случи некаде околу салонот на автомобилите во Франкфурт. Сепак купувачите на него ќе чекаат до догодина, а меѓу нив повторно ќе бидат и Американците.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER