Легендата се врати
Култниот теренец доби потполно ново издание
Објавено на 10 септември 2019 година
Потполно новиот Land Rover Defender пристигна и веднаш погоди во центар, бидејќи ќе исполни една од последните празнини во понудата на пазарот, присилно настаната заради трендовите. Далеку порафиниран, успеа да го задржи препознатливиот изглед спакуван во едно модерно издание со конструкција која ветува врвни теренски својства. Тие впрочем не ни мора да се споменуваат – наследството на името е доволна обврска. Сепак треба да се знае дека за разлика од претходникот, погонот на сите тркала е со Terrarin Response 2 систем во кој влегуваат и блокадата на централниот диференцијал и редуктор. Нападниот агол од 38 степени и излезниот од 40 не се проблем, како ни водена препрека од 90 cm – ништо чудно за возило со клиренс од околу 30 cm. Опционално се нуди и воздушно ослонување, а купувачите ќе можат да бираат меѓу две должини на каросеријата и два дизела, еден бензинец и еден хибрид распослани меѓу 200 и 400 KS. На некои ќе им се допадне, а на некои не тоа што Defender сега е исполнет со модерни технологии, на пример интерактивните екрани. Кои и да се повеќе, сепак е јасно дека тој e производ од 21-от век.