Батериите се проблем!
Британците сметаат дека батериите не се добро решение за големите SUV модели
Објавено на 13 октомври 2019 година
Jaguar беше првата премиум марка која понуди електричен SUV, но во Land Rover размислуваат поинаку. Тие сметаат дека електричниот погон на батерии не е вистинско решение за големите SUV модели, какви што се нивните. Проблемот го гледаат во тежината на возилата и обликот на каросеријата што сами по себе се причина тие да бараат повеќе енергија за движење, што пак бара поголеми батерии за да се добие задоволителна автономија. А таа пак кај ваквиот тип возила секогаш треба да биде поголема отколку кај автомобилите затоа што просечниот купувач почесто и повеќе ги користи на подолги релации од градските. Со прости зборови кажано, колку е возилото поголемо толку е и предизвикот потежок. Затоа и покрај хибридизацијата на својата гама, погледите во Land Rover не се насочени кон целосно електричните возила туку кон водородот, односно горивните ќелии како соодветна алтернатива. Веќе имаат одредено тим кој треба да ги истражи можностите за нивно користење, кои не се многу големи. Една од нив е соработката со BMW која летово е договорена за возилата со електричен погон. А бидејќи Германците на ова поле соработува со Toyota, можно е навистина да се испили нешто од ова. Сепак треба да се знае дека системот горивни ќелии е десетина пати поскап од електричниот погонски склоп.