Иако се соочуваше со секакви предизвици во својата долга и славна историја, Lancia остана доследна секогаш да ги спојува страста и моќта, а црвеното слонче ќе не потсеќа на иконската Delat HF Itegrale
Така е, и сега, инспирирана од некогашните спортски достигнувања се појави HF верзијата на малиот Ypsilon. Ќе доаѓа во две верзии, за трки со бензински и за редовен сообраќај со електропогон. Оние што помнат што значеше HF Integrale ќе речат дека се анемични, но, се надеваме, дека ова е само почеток на една нова ера.
Од Lancia сé уште не откриваат повеќе детали бидејќи на пазарот треба да се појави во мај идната година. Во меѓувреме на купувачите ќе им бидат достапни двете стандардни изведби на Ypsilon, дел од стандардната понуда на погони на Stellantis.
Асортиманот вклучува модел со 1,2 литарски турбо мотор со 100 коњски сили и 48-волтен хибриден систем по цена од 24.500 евра. Електричната верзија,се шпекулира дека ќе има 237 коњски сили и батерии со капацитет за автономија од околу 400 километри, и ќе биде за десет илјади евра поскапа.
Покрај Италија ќе се продава уште и во неколку западноевропски земји, каде ќе биде организирана продажна мрежа од 70 дилерства.
Одговорот на прашањето кога ќе се појави субститут за моќната и доминантна FH Integrale верзија со погон на сите тркала и перформанси пред кои и боговите молчеа, изостана. Можеби тоа ќе се случи со новата Delta?!