Lamborghini Revuelto – Премиера која желно се очекуваше (фото & видео галерија)

Новиот бик од италијанската корида

Aventador доби достоен наследник – плаг-ин хибрид со V12 мотор со 1.015 KS кој до 100 km/h ќе забрза за 2,5 секунди и ќе потегне до максимални 350 km/h

Во славеничката 60-годишнина на марката, Lamborghini го претстави првиот свој суперавтомобил со хибридна концепција. Со новата карбонска архитектура и својот 6,5 литарски плаг-ин мотор Revuelto дефинира нова парадигма во поглед на перформансите, спортскиот дух и уживањето во возењето. Излезната моќ од 1.015 коњи се испорачува со комбинирани сили на новиот агрегат со внатрешно согорување и три електромотора ладени со масло. Два се поставени напред а еден кај осумстепениот менувач со двојна спојка кој за прв пат се појавува на 12-цилиндричен Lamborghini. Кога ќе се разбеснат сите погонски единици ќе го лансираат до 100 километри на час за 2,5 секунди и доведат до максимални 350 на час. Кога пак ќе се посака посмирено да се вози Revuelto може да оди само на струја, а за возење низ град поседува посебен режим во кој испорачува 180 коњски сили.

Дизајнерски Revuelto ја продолжува светлата традиција на моделите со централно поставен мотор кои во минатото ја изградија Countach, Diablo, Murcielago и Aventador. Вратите се отвораат нанагоре, а повеќе детали на каросеријата како што се дневните и стоп светлата или пак страничните всисници за воздух се изведени во облик на буквата Y. Напредната активна аеродинамика ја контролира електрониката, но и возачот може да избере една од трите позиции на задното крило кое обезбедува потисна сила за побрзо поминување низ свиоците.

Претставувајќи пресвртница во историјата на марката, Revuelto е важен столб во нејзината стратегија за електрификација. Создаден е да формира нешто ново, но истовремено да остане верен на гените и да пружи совршена рамнотежа меѓу потребата за глобално намалување на емисиите и емоциите во возењето кои купувачите ги посакуваат. Во тоа ќе помогнат двата дисплеја – возачкиот од 12,3 инчи и нешто помалиот за совозачот на кои се покажуваат информации за возењето. На нив интуитивно ќе можат да се префрлат и апликациите од средишниот екран кој овозможи стилска чистота на кокпитот и елиминација на повеќето копчиња.

Испораките на новиот Lamborghini ќе стартуваат при крајот на летото.  Цената не е обелоденета, но сите планирани количини за наредните две години се распродадени.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER