Lamborghini – LB744 High Performance Electrified Vehicle

Бикот ќе го дрма струја

Врвните перформанси на новиот V12 ги засилуваат уште три електро мотори

Годинава Lamborghini го прославува своето 60 годишно постоење со хибриден суперспортски автомобил. Тоа го најави со објавувањето на првите технички детали  на проектот LB744, кој ќе стане реалност набргу.

Развиена е целосно нова архитектура со нов погон кој испорачува повеќе од 1000 коњи. Атмосферскиот 6,5 литарски V12 мотор поставен во средината е надополнет со три електрични мотори, од кои едниот е интегриран во новиот менувач со двојна спојка со осум степени на пренос. Новиот V12 испорачува 825 КС и 725 Nm на задната оска, а на секое од предните тркала има по еден електро мотор силен 110 kW. Двата електрични мотори напред освен што обезбедуваат сила на предните тркала, тие имаат и функција за векторирање на вртежниот момент, оптимизирање на динамиката на возењето и враќање на енергијата произведена при сопирање. Така е обезбеден погон на сите тркала преку кои се пренесуваат вкупно 1015 коњи на асфалтот.

Кога е во електричен режим, LB744 е со погон на предните тркала само за да се оптимизира потрошувачката на енергија, додека електричниот погон до задната оска се активира по потреба. По овие сочни податоци со нетрпение се очекува да се види како оваа техника ќе биде спакувана.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER