Lamborghini – Штефан Винкелман

Вести

Нов стар претседател

На два трона

објавено 24. ноември 2020

Штефан Винкелман ќе стане нов претседател и извршен директор на Automobili Lamborghini S.p.A од први декември 2020 година. Тој ќе го наследи Стефано Доменикали, кој ќе ја преземе функцијата извршен директор на Формула 1 почнувајќи од 2021. Винкелман ќе остане и претседател на Бугати. За искусниот Винкелман поставувањето на претседателската функција во Automobili Lamborghini е враќање на почетоците бидејќи во периодот од 2005 до 2016 година ја извршуваше оваа функција за кое време успеа да го трансформира Lamborghini во глобален лидер во производството на супер спортски автомобили. Пред да се приклучи на Lamborghini Винкелман имаше различни високи позиции во групацијата FIAT.