Lamborghini – Воведува четиридневна работна седмица

За работниците кои се директно вклучени во производството платите остануваат исти, но ќе работат пократко

Lamborghini постигна договор со синдикатите за воведување четиридневна работна седмица. Овој чекор се оценува како „историски“ бидејќи е прв во автомобилската индустрија во Европа што постигна значително намалување на работните часови без намалување на платите.

Слични четиридневни седмични шеми усвоени во други европски земји, како што е Британија, открија дека вработените работеле повеќе за помалку време, се подобрил квачитетот на сработеното, а нивото на боледувања се намалило. Работниците во производството на ротирачки распоред во две смени на годишно ниво ќе имаат 22 работни дена помалку.

Постигнатиот договор со Lamborghini е дел од поширокото преговарање за рамковниот договор што опфаќа нови 500 работни места, зголемување на годишните плати и дополнителни бенефиции за работната сила. Во однос на платата, договорот вклучува 50 отсто зголемување на тековните варијабилни бонуси што им се исплаќаат на работниците, како и еднократен бонус од над 1.000 евра што треба да се исплати  месецов.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER