Lada Granta Cross ‣ Универзалец на руски начин

Универзалец на руски начин

AvtoVAZ започнува со продажба на крос-верзијата на малиот караван на Lada

Објавено на 4 јуни 2019 година

Традиционалистите можат да бидат мирни, барем оние во Русија – Lada нема целосно да потклекне пред современите текови и нејзините возила сé уште ќе бидат способни да се справат со сите можни услови на возење. Барем дел од нив – разликата е во тоа што тие сега се одвоени како посебни крос-верзии, меѓу кои наскоро ќе се вброи и караван изведбата на Granta.

Уште од самиот изглед на овој субкомпактен модел се забележува дека е наменет за купувачите кои имаат потреба со своето возило повремено да се симнат од асфалтот. За тоа има растојание од тлото зголемено на добри 198 mm, и тоа максимално оптоварен, а е опремен и со додатоци на долните делови на каросеријата со цел таа да се заштити од ниските растенија и камењата во текот на возењето по лошите патишта. Поставена на 15-инчни тркала, Granta Cross има модерен дизајн во двобојна комбинација која на автомобилот му дава атрактивен изглед, а стандардно се испорачува со клима-уред и шини на покровот. Поскапите верзии ќе доаѓаат со загревани седишта и ветробранско стакло, клуч што се преклопува и централна брава, темпомат, сензори за паркирање, автоматски светла и бришачи…

Новиот универзалец на Lada ќе се испорачува со 1,6 литарски бензинец со 87 или 106 коњски сили. Помалиот мотор е спарен со 5-степен мануелен менувач, додека посилниот ќе биде достапен и со автоматика. Цените стартуваат од 554.900 рубљи, односно 7.500 евра. Рестилизираната Granta која се произведува во хечбек, лимузинска и караванска варијанта, беше најпродаван автомобил на рускиот пазар во првите 4 месеци годинава.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER