Екологијата и безбедноста во рикверс
Како последица на воведените санкции против Русија, Lada мораше да го прилагоди своето производство според компонентите на кои може да смета. А бидејќи меѓу нив не е електрониката, воопшто не чуди што најновата верзија на Granta значена како Classic ’22 електронски е соголена до бесвест и во атмосферата испушта издувни гасови како возилата од пред четвртина век. Поинаку кажано, нејзиниот 1,6 литарски мотор од 90 коњски сили кој до скоро ги исполнуваше Еуро 5 нормите, сега е паднат на Еуро 2. Ги нема ниту ABS сопирачките, воздушните перници и електронската контрола на стабилноста, а тоа малку чипови што им беа на располагање Русите ги наменија за попрактични нешта како што се електричните стакла, загреваните ретровизори и патниот компјутер. Lada Granta Classic ’22 има уште и дневни светла и подготовка за радио со 4 звучници, 14-инчни челични тркала и петстепен менувач, а според податоците троши 6,5 литри гориво на 100 километри. Тригодишната гаранција е задржана. Нејзината цена изнесува 11.690 евра, со што таа е најевтиниот нов автомобил во Русија.