Крал по раѓање
Мислевме дека Bugatti Chiron е кралот, но тој само му го чувал тронот на Divo
Објавено на 25 август 2018 година
Ниту зборот хипер веќе не е доволен за Bugatti Divo – тој најдобро се опишува со бројки, а не со зборови. Сепак за најновиот модел на марката кој своето име го има добиено според францускиот возач Алберт Диво мора да се кажат и неколку збора.
Во хиперлативи, се разбира, колку тоа да не е доволно. Самиот факт дека е специјална изведба на Chiron кажува доста за него. Се разликува по дотераниот стајлинг со потполно нов преден дел со тенки ЛЕД светла и големи отвори за воздух низ кои дише истата атомска W16 централа од осум литри и 1.500 хибридни коњски сили. Нивното искористување е подобрено со оптимизираната аеродинамика која создава за 90 kg поголема сила на прилепување во однос на Chiron и модификуваното ослонување. Тоа, заедно со подобрената управливост, побрзиот менувач и за 35 kg помалата тежина резултираа со за 8 секунди побрз круг на патеката Нардо во Италија.
Максималната брзина му е ограничена на само 380 километри на час, а производството на 40 примероци, сите со цена од 5 милиони евра.
[su_youtube url=”https://youtu.be/hqDT5_4z_YI”]