За само три години работите се сменија во спротивна насока!
објавено 02.03.2022
Моменталната ситуација на пазарот на автомобили се врати на неславни нивоа. Покрај зголемените цени, растат и роковите за испорака на нарачаните возила кои добиваат непојмливи граници. Пред пандемијата купувачите можеа да конфигурираат автомобил и да го добијат за 2-3 месеци. Сега изборот на конфигурации се намалува на „разумно ниво“, чекањето е повеќе месеци, а за некои марки и повеќе од една година!

