Ќе достигнат ли цените на горивата рекордно ниво?

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Ќе достигнат ли цените на горивата рекордно ниво?

Објавено на 8 јули 2018 година

Како тргнало, да – 83,50 денари за литар бензин и 73 за дизел се највисоко што цените на горивата отидоа во Македонија во септември 2013-тата, кога барел сурова нафта во двонеделниот пресметковен период просечно чинеше 115 долари, а еден долар 46,37 денари. Сегашните цени од 71 денар за бензинот и 63,50 денари за дизелот се пресметани врз основа на просечната цена на нафтата од 74 долари и на доларот од 52,72 денари, со тоа што на дизелот му се додадени екстра 3,50 денари давачки. Во моментов цената на барел брент нафта на светиот пазар изнесува нешто над 77 долари и постојано се покачува, додека доларот се движи тука некаде. Колку со новата пресметка ќе не крсти регулаторната комисија за енергетика, утре ќе дознаеме.

Најниски цени дериватите кај нас имаа на почетокот на 2016-та, кога литар бензин чинеше 55, а литар дизел 39 денари, пресметани врз основа на просечни 30-тина долари за барел нафта и 55 денари за долар.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER