Kia за австралиската полиција
3,3 литарски твин-турбо V6 мотор со 365 KS, 8-степен автоматски менувач, погон на сите тркала…
Објавено на 10 јули 2018 година
Интересен избор, мора да признаеме – полицијата на австралиската сојузна држава Квинсленд ќе ги брка криминалците со возила на Kia. Но не било какви, туку најбрзите – набавени се 50 примероци од ултимативниот Stinger задвижуван со 3,3 литарски твин-турбо V6 мотор со 365 коњи. Во служба на законот и редот нив ќе ги кротат осумстепениот автоматски менувач и погонот на сите тркала. Полицајците од кралските земји на Австралија за овој автомобил имаат само пофални зборови. А како и не би, кога до 100 на час забрзува за 4,9 секунди. Плус на тоа привлекува внимание со својата појава, така што не треба да чуди што оваа вест го обиколи светот. Претставниците на Kia за Австралија изјавија дека и полициските сили на другите сојузни држави исто така се заинтересирале за Stinger откако нивните колеги од Квинсленд го воведоа во служба.
Вообичаени полициски возила во Австралија се (или поточно беа) големите V8 машини со погон на задните тркала произведени од Holden и Ford.