Новост во КИА Македонија
Увозникот на KIA пред новогодишните празници го украси својот салон со обновената верзија на кросоверот XCeed. Сегментот на компактни кросовери е еден од најпопуларните на глобалниот пазар. Поради тоа на нив се обврнува големо внимание и сите производители што држат до себе ништо не оставаат на случајности. По продадени повеќе од 120.000 примероци на XCeed во Европа, KIA направи серија подобрувања вклучувајќи го смелиот надворешен дизајн, во внатрешноста и нова GT-line опрема. Овие промени го прават новиот XCeed уште попримамлив во високо компететивниот сегмент.
Новиот KIA XCeed е со погонски агрегати кои вклучуваат умерен и приклучен хибрид, бензински и дизел верзии. Највпечатлива е споменатата GT-line изведба која доаѓа во комбинација со бензински мотор кој произведува 204 КС. Секако дека добриот изглед и богатата опременост може да ја добијат и купувачите што ќе се одлучат за верзијата со приклучен хибрид способна да овозможи целосно електричен досег од 48 километри, што е еквивалентно на 60 километри градско возење. Силен аргумент на XCeed е седум годишната гаранција или изминати 150.000km.