Со нови сили во нови победи

На салонот во Лос Анџелес Kia го покажа обновениот Sorento

Sorento како еден од стожерите на Kia во Америка секако е заслужен за создавање на довербата што купувачите ја имаат во возилата на корејскиот производител – 2005-тата кога се појави на пазарот продажбата на марката скокна за неверојатни 440 отсто. Затоа и секоја негова нова генерација или обновување се прави темелно и добро обмислено. Така е и сега кога четвртата генерација доби ново лице согласно авантуристичкиот  Opposites United дизајн.

Атлетски мускулестиот преден дел ја комбинира впечатливата маска со нови вертикални светла, а назад модификациите се ограничени само  на браникот и светлосните  групи. Во внатрешноста се среќава панорамски заоблен дисплеј кој со состои од два 12,3-инчни екрани од  дигиталната инструмент табла и инфо-забавниот систем. Унапредена е и електронската опрема чиј дел сега е и дигиталниот клуч. Под хаубата се среќаваат атмосферски и турбо 2,5 литарски четирицилиндрични мотори со 191 и 281 коњска сила спарени со осумстепена трансмисија, додека погонот на сите четири тркала е опционален. Дизајнерски и технолошки третман на подмладување ќе добијат и хибридната и плаг-ин верзијата, но малку подоцна.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER