Kia Seltos » Глобалната замена за Xceed

Глобалната замена за Xceed

Објавено на 28 ноември 2019 година

Додека Европјаните ги откриваат адутите на Xceed, Kia за остатокот на светот го намени кросоверот Seltos. Ги има истите димензии но дизајнерски многу се разликува од него. Инспириран е од концептот Signature покажан пролетва, од кој задржа скоро сé во својот изглед. Вклучувајќи го и надмениот но модерен преден дел каков немаат другите модели на марката. Посебно пленат атрактивните фул-ЛЕД предни светла кои го истакнуваат неговиот карактер. Задниот дел изгледа софистицирано, а пластичната заштита на подвозјето дава лажен впечаток дека има теренски карактеристики. Бидејќи се работи за глобален модел внатрешноста е едноставна, со натпросечна пространост и сосема добро опремена. Благо истакнатата елегантност е дополнета со пар скапи опционални додатоци, како што е Bose аудио системот со осум звучници. Во зависност од пазарот ќе се нуди со бензински и дизел мотори со моќност меѓу 116 и 177 коњски сили, со мануелен или еден од трите типа автоматски менувачи. Погон на сите тркала е планиран само за Јужна Кореја, додека останатите ќе добијат електроника со три режими на возење. Освен во матичната земја ќе се произведува и во Кина и Индија, а цената во Америка му изнесува 22.000 долари.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER