Кризата што ги зафати големите светски салони на автомобили се заканува да предизвика истребување на футуристичките концепти креирани со намера да го привлекуваат вниманието.
Затоа и за пофалба е напорот на американското студио на Kia чии дизајнери на основа на доставниот PV5 подготвија авантуристичко комби. Изразените теренски способности му даваат изглед како за месечината за каде бидејќи нема воздух ќе се движи на струја. Во описот на ова возило со ознака која е еден вид акроним што потсетува на зборот викендаш, корејскиот производител наведува дека е швајцарско ноже на тркала.
Ентериерот е флексибилен и може да се прилагоди за различни потреби – пријатен простор за спиење, канцеларија или пак кујна за на пикник во природа. За напојување со струја таму е опремен со соларни панели а батериите ќе ги полнат и единствените хидротурбински тркала, што и да им значи тоа.
За некакво сериско производство не станува ни збор, но дел од решенијата можеби ќе се најдат во асортиманот на KIA како дополнителна опрема. Eкспериментален дизајнерски третман но далеку поцивилен претрпе и големиот теренец EV9 кој доби поробусен изглед и носачи на покривот на кои може да се постави шатор.