Kia PV5 постави гинисов рекорд (видео)

Електричниот комби на Kia ја стартуваше својата европска кариера со гинисов рекорд

Потполно натоварен, новиот PV5 помина повеќе од 693 километри. Резултатот е поимпресивен ако се знае дека неговата фабрички декларирана автономија изнесува 415 километри. Рекордното возење беше изведено во околината на Франкфурт на комбинирани градски и приградски патишта со товар тежок 665 килограми. За вкупно 22,5 часа двајцата возачи направија 12 круга по рутата долга малку над 58 километри која вклучуваше семафори, кружни текови и висинска разлика од 370 метри. Возилото беше целосно сериско, опремено со поголемиот пакет батерии. Со тоа се докажа дека електричните доставни возила веќе можат да им конкурираат на оние со дизел мотори.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER