KIA PV5 – Возило што лесно се трансформира

Корејците ја споделија својата визија за флексибилност на наменските возила

Во рамките на СЕЅ, за своите наменски возила, KIA прикажа визија преку која сака да развие цел систем кој ќе се базира на повеќе столбови за да излезе во пресрет на повеќе барања и потреби на клиентите. Тоа ќе го постигне со една електрична платформа која ќе овозможи лесна адаптација на кабината во зависност од потребата. На прв поглед ништо ново, но трикот лежи во флексибилноста на каросеријата.

Имено, зад фиксната кабина или зона на возачот, различни заменливи структури може да се поврзат со основното возило користејќи електромагнетна и механичка технологија за спојување. Наменското возило може да се трансформира во такси преку ден, комбе за испорака ноќе и приватен транспортер за време на викендот. Претставените студии покажуваат дека секое наменско возило се карактеризира со дизајн кој ја рефлектира неговата намена. Нема непотребни украси, сé е подредено на функционалноста. Секоја функција е дизајнирана да извршува корисна намена и да им го олесни животот на корисниците.

Комбинацијата на едноставен, робустен дизајн на површината и експресивен изглед ги обединува моделите PV5 и покрај нивните разлики. Во секое од возилата, големите врати откриваат удобно отворање без столбови што е дизајнирано да го олесни влегувањето и излегувањето. Благодарение на долгото меѓуоскино растојание и електричната платформа, внатрешноста има рамен под и простор со речиси неограничени можности за складирање и користење. Понудата на наменските возила на KIA е замислена како деловен систем дизајниран да дава додадена вредност преку интеграција на возила, софтвер и идни технологии. Остварувањето на оваа идеја опфаќа три фази. Првата е реализација на PV5, оптимизиран за апликации како што се повик, испорака и комунални услуги. Преку проширено поврзување со податоци помеѓу возилата и податоци од надворешни извори, како што се информации за маршрутата или испораката, повеќе возила може да се управуваат како софтверски дефинирана флота.

Во втората фаза ќе се комплетира палетата на наменските модели. Во исто време, специјалните возила се развиваат во платформи за мобилност засновани на вештачка интелигенција кои користат податоци за да комуницираат со корисниците и да гарантираат дека возилата се секогаш ажурирани. Во третата фаза, поврзаните наменски возила ќе се управуваат како дел од оперативен систем за „паметен град“. Појавата на хипер-поврзан свет каде што луѓето, возилата и социјалната инфраструктура се беспрекорно поврзани, ќе го отвори патот за сосема нов начин на живот преку создавање на екосистем заснован на идните технологии на автономно возење, напредна воздушна мобилност, роботика и енергетска мрежа.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER