Враќање на А сегментот на нашиот пазар
Најмалиот претставник на палетата на KIA повторно е активен на нашиот пазар. Ова е храбар потег со оглед дека најмалите возила, барем во регионот, како да излегоа од полето на интерес на купувачите.
Picanto е добро познат модел и сега треба да ја потполни дупката во понудата која се направи со повлекување на Rio од производството. Аргументите се на страна на малиот Кореанец бидејќи со својот свеж изглед и моторизација ќе ги задоволи потребите на оние што се наклонети на малите возила.
Долг само 3,6 метри ова е идеално возило за градски средини, а четирите врати му даваат поголема практичност при употребата. Интересен е неговиот дизајн кој ги содржи сите елементи на препознатливиот нов изглед на марката. Го задвижува четири цилиндерски бензински мотор од 1,2 литри и 79 КС со кого може да одговори и на останатите потреби за патување. Она што радува е богатата опременост која не е својствена за оваа класа возила.
Од КИА Норт Мацедониа истакнуваат дека има само едно ниво на опременост кое содржи дигитална табла со инструменти, мултимедијален систем со екран осетлив на допир од 8 инчи што подржува Android Auto и Apple CarPlay и завидно ниво на електронски асистенти при возењето.
Купувачите, осем деветте бои, ќе може да бираат помеѓу пет степен мануелен менувач и автоматик со ист број на преноси. Во зависност од тоа, цената е 17.650 евра и илјада евра повеќе за оние што сакаат автоматик.


